HomeАктуелноТешка сообраќајна несреќа рано утрово во Македонија, две лица го загубија животот

Тешка сообраќајна несреќа рано утрово во Македонија, две лица го загубија животот

Две лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.
Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.
Според првичните информации, смрт е константирана кај две лица од автомобилот, а повреди се забележани кај возачот на камионот.

Сообраќајот е во прекин.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.