HomeАктуелноГавазова доби награда за најдобар претставник на македонската култура – Пејачката шармира во елегантен црн фустан

Гавазова доби награда за најдобар претставник на македонската култура – Пејачката шармира во елегантен црн фустан

Фолк-пејачката Сузана Гавазова е најдобар претставник на македонската култура во Турција и светот, ваква награда се одлучија да и врачат од фестивалот „Најдоброто од Румели“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Токму затоа Гавазова замина во Истанбул, Турција за да прими наградата.

За свеченото доделување на наградите пејачката се одлучила да облече долг вечерен фустан, направен од корсет и сукња, кој е со потпис на македонска дизајнерка.

Публиката присутна на манифестацијата Гавазова ја почести со нејзината ултра популарна песна „Бум, бум“, за што присутните ја поздравија со громогласен аплауз.

„Награда за „Пејачка од Македонија“ или „Најдобар претставник на македонската култура во Турција и светот“ на фестивалот „Најдоброто од Румели“, Истанбул-Турција. Ви благодарам Турција за оваа драгоцена награда, на која особено сум горда. Бев во друштво со многу познати уметници од регионот меѓу кои и Сенидах, Биг Мама од нашиот регион“, напиша Гавазова.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.