HomeАктуелноМицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените

Мицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Со длабока тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад, која одзеде човечки животи и остави многу семејства во болка. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со сите повредени.

Од името на Владата и од мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Нека им биде лесна земјата на оние кои ги загубија своите животи, а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување.

Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели од Србија. Нека оваа трагедија не потсети на важноста од меѓусебна поддршка и солидарност.“ – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.