HomeАктуелноНова промена на цената на горивата од полноќ

Нова промена на цената на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ да се зголеми цената на горивата. Непроменета останува само цената на дизелот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а за денар ипол поскапува Екстра лесното масло за домаќинство.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 76 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 78 денари за литар. Дизелот оваа недела ќе биде со стара цена од 70,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар, а Мазутот по цена од 43,844 денари за килограм.

Новите зголемени цени на горивата, според РКЕ, се должат на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во однос на претходната пресметка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.