На 10.11.2024 година во 13.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во помошна просторија од куќа лоцирана на улицата „Стив Наумов” во Охрид, сопственост на Р.Н.(63) од Охрид, избувнал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
