HomeАктуелноЛице пријавено како изгубено во Маврово пронајдено во добра состојба

Лице пријавено како изгубено во Маврово пронајдено во добра состојба

Лицето кое беше пријавено како изгубено над Галичките терени во Маврово е пронајдено и е во добра општа состојба, известува Регионалниот Центар за Управување со Кризи (ЦУК) Тетово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пријавата била примена вчера во 17:58 часот на бројот за итни случаи 112. Веднаш по пријавата, РЦУК Тетово стапил во контакт со пријавителката и со Полициската станица (ПС) Маврово.

Екипи од ПС Маврово, ПС Ростуше и Националниот парк „Маврово“ се упатија на терен, на локацијата каде што е евидентиран последниот телефонски повик од изгубеното лице. Околу 18:45 часот, РЦУК Тетово доби информација дека лицето е пронајдено и дека е во добра општа состојба, стои во соопштението од РЦУК Тетово. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.