HomeАктуелноВо тек е надзор на работењето на приватните научни институти, тие што не работат согласно закон ќе бидат затворени, велат од МОН

Во тек е надзор на работењето на приватните научни институти, тие што не работат согласно закон ќе бидат затворени, велат од МОН

Министерството за образование и наука досега има направено надзор на 15 приватни научни институти, а во моментов се прави надзор на уште пет. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, при посетата на гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, информираше дека има дополнително уште два институти, за кои деновиве треба да заврши процедурата и да бидат затворени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите кои беа најдени. Но, според извештаите кои ги читав, многу малку од нив ќе можат да го направат тоа. За жал морам да кажам дека веројатно следи затварање и на поголем број на институти, кои се нефукционални, не го почитуваат законот, односно не ги исполнуваат условите, изјави Јаневска.

За високото образование и за науката во земјава е добро конечно да се воведе ред, посочи министерката, додавајќи дека секој којшто исполнува услови, ќе продолжи да функционира.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.