ТИПИК ЗА БОЖИЌНИТЕ ПОСТИ:
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Брегалнички господин Иларион.
Според Типикот Божиќните пости се постат на слениот начин:
– понеделник, вторник и четврток на масло;
– среда и петок строг пост;
– сабота, недела и празници е допуштено риба.
За монаштвото е благословено и понеделник да е строг пост, а за мирјаните кои имаат именден или куќна слава е благословено употреба на риба.
Имајте радосни и богоугодни пости.

