HomeАктуелноВикендов студен бран и врнежи од снег и дожд

Викендов студен бран и врнежи од снег и дожд

Синоптичарите најавуваат дела во деновите од викендот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини, информираат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и снег, кои повремено ќе бидат пообилни. На околните планини врнежите ќе бидат од снег.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.