Три потреси, од кои најсилниот имаше јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала се почувствуваа околу 1 часот утрово.
Според прелиминарните податоци од Европско-медитеранската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ), првиот бил најсилен земјотрес во 1 часот и 12 минути со епицентар 17 километри – во близина на Дојран, а длабочина од 11 километри.
Вториот потрес бил по само една минута, на истото место со јачина од 2,2 степени.
Десетина минути подоцна стреси и во Скопје, со јачина од 2,5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница.
