HomeАктуелноЈа празнуваме Св. Варвара: Сварете пченка за богат род и благосостојба

Ја празнуваме Св. Варвара: Сварете пченка за богат род и благосостојба

Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на светата великомаченичка Варвара. Обично се празнува со домашни служби, се вари пченка – за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите.
Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Житието сведочи дека света Варвара се роди во Хелиопол за време на царувањето на Максимијан. Татко и’ беше паганин. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек. Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко ѝ. Нејзината мисловност и помогна да го познае Бога преку величината и совршеноста на созданието. Подоцна се крсти. Кога татко ѝ дозна за тоа, ја предаде на властите. Света Варвара претрпе големи измачувања заради Христа и најпосле ја погуби нејзиниот безумен татко.

Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала некогаш сама некогаш со пресвета Богородица. Денес Црквата го слави и свети Јован Дамаскин. Живееше во осмиот век. Со голема ревност и длабочина на мислата го бранеше Православието и почитувањето на иконите од иконоборците.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.