HomeАктуелноНуркачите од „Амфора“ по 24-ти пат ја накитија новогодишната елка во Охридското Езеро

Нуркачите од „Амфора“ по 24-ти пат ја накитија новогодишната елка во Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид со поддршка на волонтерите на охридскиот Црвен крст денеска по 24-ти пат ја накитија новогодишната елка во водите на Охридското Езеро.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Традиционално и овојпат украсената елка блесна во езерските води кај Музејот на коските, каде ќе можат да ја видат сите гости што ќе го посетат Музејот за новогодишните и Божикните празници.

Како и секоја и оваа новогодишна елка нуркачите од „Амфора“ им ја посветуваат на децата со ретки болести  со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат до крајот на јануари.

ВИДЕО

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.