HomeАктуелноИПА Охрид реализираше хуманитарна акција наменета за децата штитеници од Дневниот центар за лица со попреченост во Дебар

ИПА Охрид реализираше хуманитарна акција наменета за децата штитеници од Дневниот центар за лица со попреченост во Дебар

Вчера (27.12.2024 година), Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид (ИПА Охрид), реализираше хуманитарна акција наменета за децата  штитеници од Дневниот центар за лица со попреченост во Дебар. Во духот на предновогодишна атмосфера, ним, со многу љубов и голема почит, им подаривме новогодишни пакетчиња, од срце им посакавме подобро здравје, повеќе среќни моменти и подобра 2025 година и заедно имавме предновогодишен ручек во пицеријата „Морена” во Дебар. Со денешната дружба, сакавме да покажеме поддршка за нивно ментално и емоционално подигнување, да поттикнеме и мотивираме креирање систем на хумани вредности и сите заедно, постојано да правиме чекор плус кон јакнење на грижата за нашите сограѓани-лица со посебни потреби и мал придонес, тие да ја почувствуваат искрената желба да имаат подобар живот, да им покажеме дека сме со нив, дека грижата на нивните родители и воспитувачите за нивното здравје и безбедност, е и наша грижа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер


На заминување, поздравот со насмевки и пружените раце од овие деца, беа најголемото богатство и најсилниот знак на пријателство што, бескрајно не мотивира да служиме и да продолжиме да помагаме секогаш, да ја подигнуваме свеста во нашето општество, поангажирано и поорганизирано да се мобилизираме  за решавањето на проблемите на децата со посебни потреби. Во името на членовите на Управниот одбор на ИПА Охрид, искажувам огромна благодарност до Дневниот центар за лица со попреченост во Дебар, што ни овозможија да ја оствариме оваа средба а до децата, бескрајна благодарност што ни го отворија своето чисто срце и душа, ни покажаа љубов и не потсетија дека, јазикот на пријателството не е составен од зборови, туку од разбирање.
SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО, Претседател на ИПА Охрид, м-р Стефан Димоски

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.