HomeАктуелноПолицијата удри по џебот на граѓаните: Вчера 622 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 111 за брзо возење

Полицијата удри по џебот на граѓаните: Вчера 622 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 111 за брзо возење

Вчера (06.03.2025) во текот на планските сообраќајни контроли на патиштата низ државата за прв пат е евидентирана бројка од дури 31 случај на минување на црвено светло од страна на возачите, што е далеку од досегашниот статистички просек за оваа категорија сообраќаен прекршок регистриран на дневно ниво од страна на полициските службеници.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Инаку, од вкупно издадените 622 платни налози вчера, дел односно 58 се однесуваат на непоседување возачка дозвола, потоа изречена е 41 мерка за користење мобилен телефон при возење, 30 санкции за некористење сигурносен појас, а санкционирани се и 12 возачи на мотоцикл за неносење заштитен кацига.
Во пет случаи евидентирано е возење под дејство на алкохол, а изречени се и 14 мерки за прекршоци што ги прават пешаците. Најголемиот број на издадени прекршочни платни налози и натаму се однесува на неприлагодената брзина на движење 111, и на непрописното паркирање 184. Воедно, согласно Законот за возила, во пет случаи отстранети од сообраќај се пет возила заради техничка неисправност и уште 15 возила заради тоа што биле нерегистрирани.

Министерството за внатрешни работи, во пресрет на претстојниот викенд во рамки на кој е одбележувањето на 8-ми Март, со оглед на очекуваната зголемена динамика на сообраќај, особено на помладите категории граѓани, уште еднаш апелира до сите учесници во сообраќајот за максимално и совесно почитување на сообраќајните правила и прописи а пред се во интерес на личната безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.