На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ денес со почеток во 12 часот се одржa традиционалната матурска парада.

Mатурантите од охридските средни училишта го одиграа танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот”. И годинава за подготовките се погрижи професорката м-р. Катерина Стојаноска. Охридските матуранти истовремено танцуваат со нивните врсници од шеесетина градови од Европа.
Инаку, матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа “Уршка” во Љубљана. Танцот „Квадрил” е класичен танц што потекнува од 18. век и се изведува во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале.

