HomeАктуелноЗемјотрес од 3,8 степени го погоди Охридскиот регион – без пријавени штети

Земјотрес од 3,8 степени го погоди Охридскиот регион – без пријавени штети

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 04:34 часот во подрачјето на Охрид и неговата околина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е дел од серија потреси со епицентри во регионот Пештани–Охрид–Струга, околу 102 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот почувствуван во 04:34 часот во Охрид и околните места имал интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, додека во другите делови од југозападна Македонија интензитетот бил од III до IV степени.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) информира дека епицентарот бил лоциран на длабочина од 5 километри, на 4 километри североисточно од Охрид.

Иако предизвика вознемиреност меѓу граѓаните, досега не се пријавени материјални штети.

Силен земјотрес го погоди Охрид

Охриѓани утрово ги разбуди силен земјотрес, познато каде е епицентарот

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.