Во текот на денешниот ден, екипи на охридската противпожарна територијална единица (ТППЕ Охрид) учествуваа во гаснење на подметнат пожар во селата Злести и Белчишта Општина Дебрца.
Поради силината на ветерот, пожарот набргу се прошири во блиската шума, а воедно беа загрозени и објекти. Интервениравме со три противпожарни возила и 11 пожарникари, сезонски пожарникари, волонтери од „Ентузијаст – Дебрца“, шумско стопанство и месно население. За брз временски период пожарот е ставен под контрола, информираат од ТППЕ Охрид.
Додаваат дека и покрај тоа што се инсистирало од повеќе страни за поддршка од воздух, нивните тимови од лице место направиле добра проценка и одлучиле дека нема потреба да се трошат дополнителни ресурси.
