HomeАктуелноВиктор Апостоловски стана татко – Пејачот му даде уникатно библиско име на бебенцето!

Виктор Апостоловски стана татко – Пејачот му даде уникатно библиско име на бебенцето!

Пејачот Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена денеска ги споделија прекрасните семејни вести – во нивниот дом пристигна нивното прво дете, син. Пејачот го објави среќниот момент а Инстаграм, со кратко видео снимено во болница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во објавата, пејачот откри дека новороденчето го добило името Адам, додавајќи дека „во Апостоловци пристигнал првиот маж“, придружено со видлива еуфорија и гордост.

Апостоловски и Милена веста дека очекуваат дете ја соопштија кон крајот на бременоста. Тогаш пејачот изјави дека Милена се чувствува одлично и со нетрпение го очекуваат проширувањето на семејството.

Двојката е во брак од 2023 година, а нивната врска започнала сосема случајно – во маркет во Битола, градот од кој што потекнуваат двајцата.

Апостоловски, кој стана познат преку „Македонски идол“ и учеството на националниот Избор за песна на Евровизија со хитот „Супермен“, сега го започнува новото поглавје како родител.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.