Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин „Пресека“. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Известување:
Од 31 март до 4 април 2026 година ќе се врши „Рехабилитација на Регионалниот пат Р1102, делница Велес-Градско“. Во временскиот интервал од 07:00 до 19:00 часот ќе биде воспоставен изменет режим на сообраќај.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Сезонски режим на сообраќај:
Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, е затворен за сообраќај за сите видови возила до 31 март 2026 година.
Работи на пат во регионот:
На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.
Од 13 март 2026 година започнаа активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) „Пријателство“, делница Смоквица-Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.
Од 30 декември 2025 година има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп-Битола, при што сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101.
На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка „Волково“ до клучка „Кондово“. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).
Од 12 септември 2025 година започна градежна активност-санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти-Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.
Виадукт Трејд Дооел од 1 септември 2025 година започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај-времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар-Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
Според известување од Виадукт Треј Дооел Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп-Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп-Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.
