HomeАктуелноДржавниот инспекторат за образование откри неправилности на Филозофскиот факултет на УКИМ во Скопјe

Државниот инспекторат за образование откри неправилности на Филозофскиот факултет на УКИМ во Скопјe

Вонредна инспекција од страна на Државниот инспекторат за образование откри сериозни неправилности во процесот на запишување на студенти на втор и трет циклус студии на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјe. Како резултат на тоа, на 11 студенти им е одземен статусот и им се прекинати студиите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Проблемот лежи во фактот што овие студенти, 7 на магистерско и 4 на докторско ниво, беа примени во високото образование по завршувањето на тригодишните професионални студии. Според важечкиот Закон за високо образование, продолжување на студиите на магистерско и докторско ниво е дозволено само за кандидати кои го завршиле првиот академски циклус со најмалку 240 кредити.

Во идентификуваните случаи, студентите се обиделе да ги исполнат критериумите со комбинирање на 180 кредити од стручни студии со 60 кредити од специјалистички студии, дејствие што е спротивно на важечките прописи. Деканот на Филозофскиот факултет, Оливер Бакрески, објасни дека самиот побарал увид по неколку индиции за правни проблеми.

Имаше различни толкувања на законот од страна на професорите, но ние сме должни да ја спроведеме одлуката на Инспекторатот. Студентите не се без диплома, но не е почитуван законот, кој предвидува дека образованието во повисоките циклуси може да се продолжи само со академски студии, а не со стручни студии. Во овој случај, стручните студии се третирани исто како и академските, овозможувајќи им на студентите да се запишат на втор и трет циклус студии, иако тоа не е дозволено за овој вид студии според важечкиот закон од 2018 година, изјави Оливер Бакрески, декан на Филозофскиот факултет.

Според Бакрески, првите случаи на вакви регистрации датираат од 2019 година. Досега, ниту еден од овие студенти не го завршил докторатот, додека некои имаат магистерски студии. Сè уште нема конечна одлука од Инспекторатот дали добиените дипломи ќе останат валидни.

На факултетот му е даден извештај со конкретни задачи за корекција на неправилностите, додека се очекува да се изврши втора проверка по наведените рокови. Во меѓувреме, деканот потврди дека на сите засегнати студенти ќе им бидат вратени средствата што ги патиле, процес кој веќе е започнат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.