Градот Охрид го живее ракометниот сон по триумфот на ГРК Охрид над МОЛ Татабања во финалето од ЕХФ Европскиот куп. По тој повод вечерва на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи голема прослава.
Прославата започнува вечерва во 19ч. на градскиот плоштад, а во 20ч. ќе ги пречекаме шампионите на ЕХФ Европскиот Куп! – соопшти ГРК Охрид.
ГРК Охрид синоќа во извонреден амбиент во преполната сала „Билјанини извори“ славеше и во реваншот над МОЛ Татабања 31:26 и за прв пат во историјата го освои ЕХФ Европскиот куп. По победата од 29:28 на првиот меч во Унгарија, охриѓани до трофејот стигнаа со вкупни 60:53.
