HomeАктуелноМеџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир

Општина Чаир соопшти дека ќе бидат поставени 100 нови контејнери на местата каде што потребата за собирање отпад е најголема, што според општината претставува инвестиција во подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, нагласи дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од приоритетите на општината.

„Постојано инвестираме во создавање подобри услови за граѓаните. Поставувањето на 100 нови контејнери и проширувањето на мрежата на подземни контејнери се дел од нашата посветеност за почист, поуреден и пофункционален Чаир за сите“, изјави Меџити.

Од Општина Чаир информираа дека продолжува проширувањето на мрежата на подземни контејнери и дека досега се поставени 15 подземни контејнери, а по обезбедувањето средства преку Програмата за урбан развој, активностите ќе продолжат и на нови локации на територијата на општината.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.