Авион на авиокомпанијата „Рајанер“, кој летал од Солун кон Минхен, денеска безбедно се вратил на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако за време на летот бил откриен сериозен дефект на еден од моторите.
Според првичните информации, пилотите го забележале проблемот додека авионот се наоѓал над територијата на Македонија и веднаш прогласиле вонредна состојба. Од безбедносни причини било донесено решение летот да биде прекинат, а авионот да се врати на аеродромот од кој полетал.
За време на спуштањето, од оштетениот мотор се одвоиле делови, при што еден фрагмент удрил во прозорецот на кабината. Во инцидентот полесно бил повреден еден патник, додека, според досегашните информации, авионот не претрпел поголеми оштетувања.
По прогласувањето на вонредната состојба, на аеродромот биле активирани сите безбедносни служби, вклучувајќи противпожарни екипи, Итна медицинска помош, полиција и останати надлежни институции.
Авионот успешно слетал и бил префрлен во посебна зона на аеродромот за понатамошен технички преглед.
Како превентивна мерка, четворица патници биле пренесени во болница. По лекарските прегледи, повеќето биле пуштени на домашно лекување, додека едно лице останало на дополнителни медицински испитувања.
