HomeАктуелноНови цени за паркирање во центарот на Струга – еве што се менува

Нови цени за паркирање во центарот на Струга – еве што се менува

ЈП „Еко” Струга ги информира граѓаните дека од овај месец стапуваат во сила новите тарифи за паркирање на двете најфреквентни и најцентрални локации во градот Плоштадот и Машка Плажа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопштуваат од јавното претпријатие, новите цени се воведуваат согласно одлуката донесена од Советот на Општина Струга, со цел да се подобри сообраќајниот режим во централното градско подрачје, инфомираат од ЈП „Еко” Струга.

Од ЈП „Еко” посочуваат дека измените имаат за цел да го намалат сообраќајниот метеж, да го зголемат протокот на возила, да го спречат долготрајното паркирање и да воспостават поголем ред и функционалност на најоптоварените паркинг-простори во градот.

„Овие мерки се дел од нашите заложби за создавање поуредена, пофункционална и подостапна Струга, како за граѓаните, така и за сите посетители”, велат од претпријатието.

Во соопштението се нагласува дека грижата за градот е заедничка одговорност и се упатува апел до граѓаните за почитување на новите правила. „Струга е нашата најголема вредност. Колку повеќе ја почитуваме, ја чуваме и ја уредуваме, толку повеќе ќе ги зголемуваме нејзината вредност, достоинство и привлечност”, порачуваат од ЈП „Еко” Струга, заблагодарувајќи им се на граѓаните за разбирањето, довербата и соработката.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.