HomeАктуелноДоаѓа топлотен бран: Температурите во Македонија ќе достигнат и до 40 степени

Доаѓа топлотен бран: Температурите во Македонија ќе достигнат и до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 32 степени.

Според УХМР, под влијание на топол бран во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во првата декада од август, кога во одделни делови од земјата дневната температура локално ќе достигне и до 40 степени.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.