HomeАктуелноДобра вест за оваа категорија на граѓани: Почнува исплатата на еднократната парична помош

Добра вест за оваа категорија на граѓани: Почнува исплатата на еднократната парична помош

Во текот на следните два дена, 456 онколошки пациенти ќе ја добијат еднократната парична помош на своите трансакциски сметки, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Во моменти кога животот носи најтешки предизвици, наша должност е да покажеме грижа, солидарност и конкретна поддршка. Затоа обезбедивме финансиска помош за лицата кои секојдневно ја водат една од најтешките животни битки“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој информираше дека вкупно 1.200 онколошки пациенти поднеле барања за еднократна помош, а нивната документација е во завршна фаза на обработка. Исплатата за сите кои аплицирале, според најавите, ќе биде комплетирана во текот на наредната недела.

Ѓорѓиевски порача дека институциите треба да бидат вистинска поддршка за граѓаните во најтешките моменти.

„Никој не смее да остане сам во својата борба. Наша обврска е да помагаме не само со зборови, туку и со конкретни мерки, грижа и човечност“, истакна тој.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.