Охрид од 27 до 30 август ќе биде домаќин на Охрид Џез Фестивал 2026, кој носи четири вечери со различни музички приказни и настапи на млади музичари, домашни и меѓународни изведувачи.
Од Култура Охрид ја објавија програмата за фестивалот, кој започнува вечерва, 27 август, со „Ехо од Македонија“, во рамки на Вечерта на млади музичари. Ќе настапат ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид.
На 28 август следува Етно џез вечер, со настап на Сашко Костов и Орхидеја Дукова – дуо.
Третата фестивалска вечер, на 29 август, е посветена на класичниот џез, а ќе настапат Дамјан Пејчиноски – гитара, Зоран Јагоридовски – перкусии, Дејан Милосавлевиќ – тапани, Гордан Спасовски – пијано и Горан Гешовски – бас гитара.
Фестивалот ќе заврши на 30 август со Меѓународна џез вечер. На програмата е Branko Sterpin Quartet, со специјален гостин Tim Lassy од Финска.
Од Култура Охрид ги покануваат љубителите на музиката да бидат дел од четирите фестивалски вечери и да уживаат во различните музички изрази обединети во ритамот на џезот.
Четири вечери, различни музички приказни и една заедничка љубов – џезот.
