HomeАктуелноБИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Важно известување за сите граѓани – УЈП предупредува на лажни СМС-пораки

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Важно известување за сите граѓани – УЈП предупредува на лажни СМС-пораки

Управата за јавни приходи (УЈП) предупредува дека денеска до граѓаните пристигнуваат лажни СМС-пораки испратени во име на институцијата, преку кои се прави обид за измама и можна злоупотреба на лични и финансиски податоци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во пораките, кои содржат линк, се наведува:

„Потсетник на УЈП: Статусот на вашата сметка за социјално осигурување е абнормален. Препорачуваме да го решите проблемот што е можно поскоро“.

Од УЈП апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат лични, банкарски или други чувствителни податоци доколку ја добијат ваквата порака.

Информациите поврзани со УЈП граѓаните треба да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата, односно официјалната веб-страница, е-услугите и објавените контакт-адреси и телефонски броеви.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на info@ujp.gov.mk, Инфо-центарот 0800 33 000 или на телефонскиот број 02 3253 200.

Од УЈП повторно апелираат граѓаните да не кликаат на линкови од сомнителни СМС-пораки и да не споделуваат лични или банкарски податоци.

Граѓаните се повикуваат предупредувањето да го споделат и со своите блиски, со цел да се спречат можни злоупотреби.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.