Царински службеници на граничниот премин Блаце открија и запленија 595 сребрени прстени со вкупна тежина од 1,7 килограми, кои биле скриени под седиштата во автомобил со намера да се избегне плаќање на увозните давачки.
Накитот бил откриен при контрола на возилото, а според Царинската управа, прстените биле сокриени под седиштата за да не бидат пријавени и да се избегне плаќањето на давачките.
Сребрените прстени се запленети, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.
Целата постапка била снимена со телесни камери на царинските службеници.
