HomeАктуелноИсториски медицински успех во Македонија: Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка болест

Историски медицински успех во Македонија: Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка болест

Во Македонија за првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретко наследно заболување кое ги оштетува бубрезите и во потешките случаи може да доведе до бубрежна слабост.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По спроведените медицински испитувања, лекарите утврдиле компатибилност меѓу мајката и детето, по што мајката била оценета како соодветен жив дарител.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, го оцени овој зафат како пример за стручност, тимска работа и човечност во македонското здравство.

„Секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот“, истакна Клековски.

Трансплантацијата е една од трите вакви интервенции што неодамна биле извршени на Универзитетската клиника за урологија. Кај двајца пациенти биле трансплантирани бубрези од починат дарител, додека кај третиот органот бил дониран од жив дарител.

Со овие интервенции, бројот на трансплантации на бубрег на Клиниката годинава достигна 15, додека во текот на целата 2025 година биле извршени вкупно 11.

Алпортовиот синдром е генетско заболување кое првенствено ги зафаќа бубрезите, но може да предизвика и проблеми со слухот и видот. Во потешките случаи може да доведе до бубрежна слабост, поради што пациентите имаат потреба од дијализа или трансплантација.

Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, упати благодарност до семејството за довербата и согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до медицинскиот тим вклучен во оваа сложена интервенција.

Овој случај уште еднаш ја нагласува важноста на органодарителството и на можноста за спасување животи преку трансплантација.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.