Системот за контрола на сообраќајот „Сејф сити“ ќе добие нов начин за откривање и регистрирање на сообраќајните прекршоци – преку мобилни камери поставени во специјално опремени полициски возила, најави Министерството за внатрешни работи.

Со новината, контролата нема да биде ограничена само на улиците и сообраќајниците каде што веќе има поставено фиксни камери. Мобилните уреди ќе овозможат следење на сообраќајот и на други локации, односно на делници каде што досега немаше стационарен надзор.
Системот „Сејф сити“ автоматски ги регистрира прекршоците, меѓу кои возење со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило.
Воведувањето мобилни камери треба да овозможи поширок опфат на контролата и поефикасно откривање на возачите кои не ги почитуваат сообраќајните правила.
Од МВР очекуваат ваквиот начин на надзор да придонесе за подобра сообраќајна дисциплина, намалување на прекршоците и поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
