HomeАктуелноЌЕ СЕ МЕНУВА ИМЕТО НА ПЛОШТАДОТ КАЈ ЧИНАРОТ? Охриѓани имаат 10 дена за предлози

ЌЕ СЕ МЕНУВА ИМЕТО НА ПЛОШТАДОТ КАЈ ЧИНАРОТ? Охриѓани имаат 10 дена за предлози

Општина Охрид објави јавен повик со кој ги повикува граѓаните да доставуваат предлог-идеи за определување, дополнување и промена на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општината.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Повикот отвора можност охриѓани директно да се вклучат со свои предлози, со цел имињата да го одразуваат историското, културното и традиционалното наследство на Охрид и охридскиот регион.

Интерес предизвикува и иницијативата поврзана со плоштадот кај стариот чинар, кој во моментов го носи името „Крушевска Република“. Дел од граѓаните подолг период предлагаат овој простор да го носи името „Чинар“ или „Стар Чинар“.

Право на учество имаат месните заедници, групи од најмалку 20 граѓани, здруженија, фондации и други заинтересирани правни субјекти. Поединечните граѓани можат да достават предлози преку месните заедници или како дел од иницијатива поддржана со најмалку 20 потписи.

Рокот за доставување на предлозите е 10 дена од објавувањето на јавниот повик.

Важно е што доставувањето предлог не значи дека името автоматски ќе биде прифатено. По разгледувањето на предлозите ќе се подготви предлог-листа, која потоа ќе продолжи во законската постапка преку Советот на Општина Охрид и со претходна согласност од Владата.

Што мислите – како треба да се вика плоштадот кај стариот чинар?

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.