HomeАктуелноГРИПОТ ЗАБРЗУВА: Бројот на заболени за една недела пораснал за 90,2 отсто

ГРИПОТ ЗАБРЗУВА: Бројот на заболени за една недела пораснал за 90,2 отсто

Бројот на пријавени случаи на грип и заболувања слични на грип во Македонија за една недела пораснал за дури 90,2 отсто, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во периодот од 26 октомври до 1 ноември биле регистрирани 116 случаи, наспроти 61 во претходната недела.

Најмногу случаи се пријавени во Тетово – 48, потоа во Куманово – 26 и Скопје – 13. Во Охрид се регистрирани 3 случаи.

Најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години – 84 лица, додека 25 се постари од 65 години, а седум се деца на возраст од 5 до 14 години.

Од почетокот на сезоната 2026/2027 досега се регистрирани вкупно 343 случаи на грип и заболувања слични на грип.

Иако бројот расте, од ИЈЗ посочуваат дека сè уште не е достигнат епидемиолошкиот праг за почеток на сезонската активност на грипот. Пријавената инциденца изнесува 6,3 случаи на 100.000 жители, додека прагот е 7,32.

Лабораториските анализи покажуваат дека вирусот на грип веќе циркулира. Од 47 тестирани примероци во последната извештајна недела, четири биле позитивни на инфлуенца А.

Од ИЈЗ препорачуваат почесто проветрување на просториите, редовно миење раце, избегнување близок контакт со лица со симптоми и избегнување престој во простории со многу луѓе.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.