АМСМ СО ИНФОРМАЦИ ЗА ПАТНИТЕ ПРАВЦИ ВО МАКЕОДНИЈА
ПРЕКИН НА ЗАБРАНА: Од 11:45 планинскиот премин Ѓавато е пуштен и за ТТВ.
ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:
- крак Маврово – Дебар
- патни правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража;
- Крива Паланка – ГП Деве Баир.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 29.11.2026 год. од 08:15 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе во близина на бензинска пумпа с. Скачковце, целосно е блокиран патот за сите видови на моторни возлиа поради претходно пријавена сообраќајна незгода на ТМВ излетано од пат.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките делови од државата, додека на пониските места врнежите се со послаб интензитет.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
