Граѓаните кои во текот на јули, август и септември скенирале фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“, наскоро треба да ги добијат средствата од повратот на данокот на додадена вредност за третото тримесечје од 2026 година.
Корисниците кои го достигнале максималниот квартален лимит можат да добијат по 2.100 денари. Тоа значи дека едно четиричлено семејство, доколку сите членови се полнолетни, ги исполнуваат условите и го достигнале максималниот лимит, може да добие вкупно 8.400 денари.
Со оглед на тоа што 29 ноември е недела, како краен рок за реализација на исплатата се очекува понеделник, 30 ноември.
Средствата се префрлаат директно на трансакциските сметки на регистрираните корисници, без потреба од поднесување дополнително барање.
Овие средства ќе претставуваат дополнителен приход за граѓаните во пресрет на декемвриските и новогодишните празници, период кога традиционално се зголемуваат трошоците на домаќинствата.
Во меѓувреме, продолжува скенирањето на фискалните сметки за последното тримесечје од годинава, кое ги опфаќа октомври, ноември и декември.
