HomeАктуелноEдукативни кампањи на подрачјето на Охрид

Eдукативни кампањи на подрачјето на Охрид

Во текот на изминатата недела (24 до 28. 02.2025 година), отсекот за превенција при СВР Охрид реализира повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид. Така, во основното училишта „Братство Единство”, пред учениците од албанска и турска наставна програма, беа одржани типизирани предавања на тема „Меѓуврсничко насилство и интернет насилство-сајбер и сајбер булинг”. Притоа, полициските службеници низ инерактивна комуникација со учениците, зборуваа на темата како облик на насилства и агресивно однесување помеѓу младите, појавните форми на овие асоцијални и девијантни појави кои, сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер


Покрај тоа, полициски службеници од отсекот за превенција, на повеќе сообраќајници во градот ја спроведоа превентивно едукативна кампања „Паркирај одговорно” со цел, подигнување на сообраќајната култура на возачите на моторни возила и зголемување на сообраќајната безбедност. Низ непосредни кратки контакти со возачите, беше укажано на потребата од исклучиво користење на обележани паркинг простори посебно во централното градско подрачје заради елиминирање на неправилно паркираните или непрописно оставените возила на коловоз  кое значи  попречување на нормалното одвивање на сообраќајот. На возачите на моторни возила им беа поделени и  летоци со пригодни сообраќајни совети, изработени во соработка со РСБСП.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.