HomeАктуелноGoogle денес слави 25 години постоење

Google денес слави 25 години постоење

Денеска е роденден на Google, а по тој повод светскиот интернет пребарувач им се заблагодари на своите корисници за 25-годишната љубопитност.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На пристапната страница на прелистувачот има роденденско лого, а компанијата планирала и изненадувања за корисниците за време на пребарувањето.

Додека денес го славиме нашиот 25-ти роденден, славиме и 25 години од вашата љубопитност. На крајот на краиштата, вашата љубопитност е она што нè поттикна нас и нашиот напредок, рече извршниот директор на Google, Сундар Пичаи.

Корпорацијата Google е основана во 1998 година од двајца студенти од Универзитетот Стенфорд, Лери Пејџ и Сергеј Брин.

Во 2005 година основачите го прогласија 27 септември за роденден на Google, денот кога, како што наведоа, постигнале одлични резултати.

Малку имиња се присутни денес како Google. Терминот Google не е само име на компанија; пребарување, пишува Стивен Вон-Николс за ZDNet по повод 25 години Google.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.