Под мотото ДАРУВАЈ КРВ, СПАСИ ЖИВОТ, БИДИ НЕЧИЈ ХЕРОЈ, утре ќе се одржи крводарителска акција во Службата за трансфузиона медицина во Општа болница – Охрид во периодот од 09:00 – 12:00ч.
Ги охрабруваме сите ученици кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија, велат од ОО Црвен крст Охрид.