HomeАктуелноOсмани и амбасадорката на Нов Зеланд разговараа за унапредување на економската соработка

Oсмани и амбасадорката на Нов Зеланд разговараа за унапредување на економската соработка

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорката на Нов Зеланд во Северна Македонија, со седиште во Рим, Жаклин Ен Фризел.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Османи ѝ посака добредојде на амбасадорката Фризел и изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат пријателските односи меѓу двете земји ќе добијат нова динамика и ќе се збогатат со нови содржини од заемен интерес.

На средбата беа разгледани досегашната билатерална соработка и можностите за нејзино унапредување во повеќе области, пред сѐ, во економијата. Покрај билатералната, беше разговарано и за мултилатералната соработка, како и за најновите случувања на меѓународната сцена.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.