HomeАктуелноVII Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ ќе се одржи утре

VII Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ ќе се одржи утре

VII-та Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ – 2022 година во организација на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер“ –Охрид ќе се одржи утре со почеток во 13 часот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Манифестацијата има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија. На манифестација ќе земат учество 60 поети од Македонија и странство откако се изврши селекција од 170 пристигнати поетски творби на претходно распишаниот конкурс за македонски поети, странски поети, млади поети и поети од дијаспората, велат од Организацискиот одбор на „Охридски поетски бисер“.

VII-та Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ е дел од културните манифестации во Програмата за активностите на Општина Охрид во областа на културата за 2022 година.

Манифестацијата е под покровителство на градоначалникот на Општина Охрид, Д-р Кирил Пецаков, а помагатели се Општина Охрид, Дебарско-Кичевската Епархија, црквата ,,Успение на Пресвета Богородица”-Каменско, Македонско литературно друштво „Ванчо Николески“ од Квинбијан-Австралија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.