HomeАктуелноXI Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2023“

XI Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2023“

Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, како и списанието Журнал за глобални процеси од Мајами, Флорида, САД, од 18-19 јануари 2023 ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2023“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поради светската пандемија на КОВИД-19, оваа година конференцијата ќе се одржи хибридно со физичко присустви и on-line преку платформата ZOOM. Тематски фокус на оваа конференцијата ќе биде посветена на „Предизвиците на идентитетите, културното наследство, животната средина, одржливиот развој или туризмот поврзани со новите кризи“, информираат од Центарот за напредни истражувања.

Отворањето на конференцијата ќе биде на 18 јануари со почеток во 10.30 часот во „Куќата на Уранија“. Конференцијата ќе ја поздрави и замник претседателот на Владата Фатмир Битиќи.

На конференцијата ќе бидат презентирани 49 презентации од 58 учесници кои доаѓаат од 11 држави.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.