На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.В.(49) од село Долно Лакочереј, охридско, удрило во Л.Ш.(65) од Австралија, со престој во Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија од СВР Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
