HomeАктуелноАвтобус на „Дурмо Турс“ изгубил контрола откако му пукнала гума | ФОТО

Автобус на „Дурмо Турс“ изгубил контрола откако му пукнала гума | ФОТО

Нов инцидент со автобус на Дурмо Турс, при движење му пукнала гума. Во автобусот имало луѓе, но за среќа немало никакви последици, велат очевидци за ТВ Клан.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Патниците во автобусот биле во паника кога почувствувале мирис на изгорено, а еден од нив за телевизијата посведочил за настанот:

„Околу 12 патници денеска се трауматизирани и исплашени од инцидентот што се случи со автобусот кој сообраќа на линијата Скопје – Гостивар. Во движење на автобусот пукна автобуската гума и возилото на кратко изгуби контрола. Возачот пред настанот го запрел возилото откако забележа дека нешто не е во ред, но по 5 минути продолжи да се движи. Во автобусот се ширеше мирис на нешто запалено а инцидентот се случи набргу потоа. Патувавме до првата наплатна рампа и застанавме таму да не земе друг автобус. Прашањето што се поставува е: Дали требаат повеќе жртви за да има судска одлука за претходниот случај?“, изјавил патникот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.