HomeАктуелноАД ЕСМ СО НАЈПОВОЛНА ПОНУДА ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД 62 ЕВРА НА МЕГАВАТЧАС

АД ЕСМ СО НАЈПОВОЛНА ПОНУДА ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД 62 ЕВРА НА МЕГАВАТЧАС

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2025 доби најповолна понуда од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е идентична со претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.

Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.