7-те лица кои беа заглавени во куќа во с. Строиманци, Св. Николе безбедно се евакуирани откако најпрво полициски халикоптер фрлил вода врз огнениот обрач, направил дупка во огнот низ која брзо влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со возила низ огнениот обрач ги извлекле животно загрозените во оган заробени 7 лица, информираат од Центарот за управување со кризи.
Голема благодарност до храбрите доброволни пожарникари и храбрите македонски пилоти, упатува директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
