HomeАктуелноБадниково утро, едно од најубавите нешта во христијанството – Ова се најстарите народни обичаи!

Бадниково утро, едно од најубавите нешта во христијанството – Ова се најстарите народни обичаи!

Бадник или Коледе — денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Истражувачите сметаат дека во праисторијата овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот.

Подоцна, Христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: „Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.

Обредните елементи и дејствијата кои што се поврзани со Бадникот и Божиќот представуваат најбогат извор за севкупната согледба на старословенската митолошка мисла и нивното истражување поттикнува на заклучок дека тоа е празник кој во основа ги задржал впечатливите и најзначајните елементи на паганската мисла на словенските народи.

Обредните дејствија и елементи за нивното исполнување кај Јужните словени се со огромна разноликост, во зависност од подрачје, но во основа се сведуваат на многу слични обреди наследени од древните предци: сечење бадник, неговото внесување и палење во домот; подготовка на обреден леб кој го сретнуваме под различни имиња поскура,чесница, кравајче, погача,и кој во речи си сите краишта се прави со паричка; „печеница“ – печено прасе (или друго месо) со кое се прекинува Божиќен пост; живописни ритуали кои слават семејство – култ на огништето, култ на предоци и доажање на новото божество.

Според ралични истражувачи Боѓиќ се врзува за две старословенски боѓества Сварог и Световид. Во народното творештво се зачувани стихови „Сварожиќу мој Божиќу“ што упатува на изедначување на малиот бог Божиќ (христијански елемент) и синот на богот Сварог (пагански елемент).

Најзначајниот и со обичаи најбогат христијански празни е Бадник. Иако овој ден се смета пред се за христијански празник, народот го прославувал на начин кој тешко може да се окарактеризира како христијански.

Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува Нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период.

Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината.

 Еве некои од тие стари народни обичаи кои и до ден денес некаде се почитуваат:

– На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено;

– Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе;

– На Бадник ништо не треба да се позајмува, а она што е претходно позајмено, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што и припаѓа на куќата да биде надвор од неа за Божиќ;

-Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година;

-Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.