HomeАктуелноВo петок започнува традиционалната Галичка свадба

Вo петок започнува традиционалната Галичка свадба

Од петок (12 јули) до недела, во Галичник ќе се одржува традиционалната Галичка свадба. Манифестацијата секоја година ги промовира уникатните свадбарски обичаи и ритуали, колоритот на народните носии, изворните песни и автентичните ора карактеристични за галичкиот регион.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Годинава, невеста ќе биде Стефана Димитрова, која е по потекло од Галичник, а младоженец Даријан Кочоски, кои ќе се венчаат на 14 јули. Двајцата и досега биле учесници на Галичка свадба.

Првата Галичка свадба се одржа во 1963, а досега настанот имал 50 изданија. Традиционално, почетокот на свадбениот обред вечерта на 13 јули ќе го означи побратимот со „фрлање“ на три пушки и со виорење и поставување на свадбениот бајрак. Вечерта продолжува со останатите обичаи: пречек на тапаните, свекрвиното оро, а членовите на „Танец“ ќе го одиграат симболичното „Тешкото“.

Денот на венчавката ќе го обележат атрактивните свадбени обреди и обичаи, како канењето на кумот, бричењето на зетот, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето и други. Венчавањето ќе биде во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.