„Ја запросил на најубавото место“ – стои во дел од коментарите на кои се гледа како едно момче од Србија одлучило да ја запроси саканата додека чекале да влезат во познатиот манастир „Острог“ во Црна Гора.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како млад Србин одлучи да ѝ приреди романтично запросување на својата сакана, а тоа го направи во манастирот Острог во Црна Гора.
Додека големиот број посетители чекаа за да влезат во манастирот кој е едно од најпосетуваните свети места на Балканот, на момчето му помогна пријателот којшто кришум дотрча до него и му го подаде прстенот.
Ја завршив задачата – пишува накратко тиктокерот на видеото откако му го подаде прстенот.
Видеото е објавено на ТикТок на профилот на срспкиот тиктокер N. Grbovvv, а во позадина тече песната на Калиопи и Жељко Самарџиќ, „Знам“.





