HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: Негира ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се загрозени

ВМРО-ДПМНЕ: Негира ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се загрозени

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јованка Тренчевска, која предупреди за состојбата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од владејачката партија ги отфрлаат тврдењата дека ПИОМ е пред колапс и дека исплатата на пензиите е доведена во прашање.

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се загрозени“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Пензискиот фонд е стабилен и дека пензиите редовно се исплаќаат.

Од партијата посочуваат дека во изминатите две години пензиите линеарно се зголемени за вкупно 7.000 денари и оценуваат дека со актуелните мерки пензионерите добиле повисоки примања.

Во реакцијата се упатуваат критики и кон Тренчевска и периодот кога СДСМ беше на власт. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека тогаш зголемувањата на пензиите биле значително помали, а дел од пензионерите протестирале барајќи повисоки примања.

„Апокалиптичните сценарија што сака да ги наметне СДС за пензиите ќе им пукнат како меур од сапуница“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во завршницата од партијата велат дека „ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик“, додавајќи дека, според нив, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.