HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ обвинува: Опозицијата го урна договорот за Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Опозицијата го урна договорот за Изборниот законик

СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес. Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ, трите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ останува подготвена веднаш да прифати договор меѓу опозициските партии, доколку тоа овозможи конечно да се олесни гласањето на дијаспората.

-Одговорноста ако Македонија продолжи со стариот Изборен законик е целосно на СДС, Левица и ДУИ, вели во соопштението  од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.